Во оваа кратка поема поетот на метафоричен начин опишува што претставува за него песната.
Прочитајте ја во продолжение.
Неопеана песна
Таа е неприпитомена, диво убава
Час ветер е, почва што чека сејач.
Таа е сон што копка по нас
па не гони да изговараме зборови
и дали ќе се одѕве на тој наш повик
или не
Често песната е
поткожно треперење на секој створ.
Прочитајте ги и стиховите со наслов „Пророштво“ од Радован Павловски.
![](https://i0.wp.com/krajbrezje.mk/wp-content/uploads/2021/03/20201213_155946-scaled.jpg?resize=100%2C100&ssl=1)
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.