Одисеја до височините

Роден сум на земјата

Вивнат во височини опасни

го барам спокојот во светот овоземски

Другарувам со ветрецот и облаците

По некој сокол исто така, другар биднува

Земјата досадна ми постана

Дур карпите магично ме повикуваат

Се радувам на слободата, таму горе

Долу пак, изживеани се миговите

Каде Танат ме повика на два пати

Покажувајќи ми го последниот час

Но угоре раката негова, куса е`

Додека со планината го играме танцот

Без помислата за сегашноста

за утрето и иднината…

Роден сум повторно

Но, овој пат над земјата

 

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!