Литература Светска поезија Странски автори

Едгар Алан По – Кон Елена

Едгар Алан По (англиски: Edgar Allan Poe, 19 јануари 1809 – 7 октомври 1849) е  американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Го напушти овој свет на овој ден во 1849 година, во Балтимор, откако бил пронајден во полусвесна состојба на една клупа, каде веројатно поминал неколку денови, по што бил однеен во болницата на Вашингтонскиот колеџ. Неговата смрт останува да биде мистерија и предизвикува низа контроверзии како што предизвикувал и неговиот живот.

Кон Елена“ е првата од двете песни што го носат тоа име напишана од Едгар Алан По. Песната има15 стихови и е напишана во чест на Џејн Станард, мајка на негов пријател од детството. Првпат е објавена во збирката „Песни на Едгар А. По“ од 1831 година.

Во „Кон Хелен“, По ја слави моќта на жената. Таа е светлина која инспирира како што тоа го направила Елена која го инспирирала античкиот свет, а подоцна и западната цивилизација.

Делумно бил инспириран од Семјуел Тејлор Колериџ.

Кога алаудира на Елена, Едгар Алан По мисли на Елена Тројанска, која се смета за најубава жена што некогаш живеела – според божицата Венера во митот наречен „Пресуда за Париз“. Елена Тројанска била „жената која успеала да крене во поход илјада бродови“.Ова се претчувстува во првата строфа.

По, исто така, ја споредува Елена со Психа, убава принцеза во која се заљубил Ерос. Психата ја претставувала душата  кај античките Грци, а По ја споредува Елена  со самата душа на „регионот кој се нарекува Света земја“, што значи со душата на Грција од која произлегоа толку многу  идеали за убавина, демократија и учење. На старогрчки јазик, името Елена буквално значи „сончева светлина; светла како зора“. Нејзината „светилка агатова“ може да се однесува на моментот кога Психа според митот го открива вистинскиот идентитет на Ерос,кога светнува со ламба во текот на ноќта кога тој ја посетува. Односно поетот со ова мисли на просветленото знаење на античкиот свет, кое и ден денес влијае врз западната култура.

Прочитајте ја песната за да видите како По ја споредува Елена со античкото просветление. Секако и да се потсетиме на овој голем автор кој починал на денешен ден.

Кон Елена

Убавината твоја, Елена, знај,
за мене е ко кајче древно, мало,
што нежно морен скитник збрало
и да го гони в роден крај
од морето го повикало!

По мориња тој заскитал, да страда
дни долги, в очај, в бури, в дим, –
со кадрици од зумбул, со ликот на Најада,
ти му ја откри славата на Елада
и величественоста на Рим.

Глеј! Во прозорците, в преливни бои
ко статуа те гледам како стоиш,
и, светилка агатова в раце ти сјај!
Ах, Душо, ти од краишта си, кои
се наречуваат Свештен Крај!

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје