Литература Поезија Светска поезија

Во сонот – Едгар Алан По

Прочитајте ги стиховите со наслов „Во сонот“ од Едгар Алан По.  Овие се неговите кристално јасни стихови на тема “сон“.

Среде чело бакнеж прими!
На разделба сега, знам,
нешто ќе ти признаам –
Не е лага, знаат сите,
дека јас ги преспав дните;
дека Надежта се метна
така попусто, си летна
дење, ноќе, во час секој,
молкома, ко превид некој?
Па, сè што се гледа вон,
сè е само в сонот сон.

Покрај брегот сам сум, в мрак.
Рика реката ко волк,
В раце, ете, ми се валка
од песокта трага малка:
златен пресок полни грсти
имав, сега – празни прсти!
Сè од дланкиве се свлече!
В очи солза пече, пече!

Не Боже, тие зрнца барем
да ги фатев, в неврат зарем
отидоа, зарем нема назад
ниедно да земам?
Зар сè што се гледа вон,
сè е само в сонот сон?

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје