Занимливости и информации На денешен ден Писатели и поети Странски автори

На денешен ден е родена поетесата Марина Цветаева чии дела се вбројуваат во најдобрите од руската книжевност

Марина Цветаева била руски и советски поет. Нејзините дела се меѓу најдобрите од руската книжевност, а таа е една од најголемите поетеси во историјата на поезијата.

Таа живеела за време на руската револуција од 1917 година, и пишувала за неа. Како лирски поет, нејзината страст и смело јазично експериментирање ја прават впечатлив хроничар на своето време и на длабочините на човечката свест.

Нејзини најпознати дела се збирките песни „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, како и драмите „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“ и „Феникс“.

Кратка биографија

Била родена на 8 октомври 1892 година во Москва, во позната богатата фамилија.
Иван Владимирович Цветаев татко ѝ, бил угледен класичен филолог и историчар на уметност. Тој бил професор на универзитет, а подоцна и основач на Музејот на убави уметности. Нејзината мајка Марија Мејн Цветаева, била пијанистка, втора сопруга на Иван. Со неа се оженил по смртта на првата жена, но и оваа умрела млада разболувајќи се од туберкулоза кога Марина имала само 14 години. Марина и нејзината сестра Асја растеле со братот и сестрата од татковиот прв брак. Тако им бил посветен на науката и недоволно посветен на семејството иако растеле покрај него.

Марина се школувала во Москва, а потоа во Лозана. На нејзини 16 години се запишува на Сорбона. Во текот на преселбите менува училишта, и благодарение на тоа ги совладува италијанскиот, францускиот и германскиот јазик. Откако ќе почине мајка ѝ таа ќе ги музичките часови целосно посветувајќи се на поезијата.

Нејзините први песни ги пишува уште во 1910-та г. Првата збирка наречена „Вечерен албум“ ја објавува истата година. Во годините на студирање се среќава со руските симболисти кои ќе повлијаат врз нејзината литературна кариера. „Вечер албум“ збирката е убаво прифатена кај истакнатите поети и критичари. Меѓу нив е и Волошин кој подоцна ќе ѝ стане ментор. Таа ќе поминува подолго време во неговата куќа на Црно море каде што ќе го сретне и Сергеј Ефрон.

Во 1912 г. се мажи за него, но покрај љубовта и воодушевувањето што ги чувствувала кон него, таа имала неколку љубовни афери. Се гледала со Осип Мандељштам, а потоа и со поетесата Софија Парнок за која знаел и тагувал младиот Ефрон. Но сепак останал со Марина до крајот на животот, маѓепсан од љубовта кон неа. На Марина тие бурни афери ѝ биле гориво за да го придвижува перото создавајќи поезија. На крајот, и покрај аферите секогаш му се враќала на сопругот, со кого имале три деца, две ќерки и еден син.

Руска Револуција и нејзиното творештво

Со настапување на Револуцијата во 19197 г. Марина нема да ги поддржи новите руски сили, а Ефрон ќе се приклучи на царската војска. Таа останува со децата во Москва, со ужасни финансиски и животни услови. Ќе биде принудена да продаде сè што имала и можела, а многупати била без пари. Била очајна, и не можела да ги прехрани децата, но продолжила да пишува. Создала близу 300 песни, меѓу кои имало и такви коишто ги славеле тие што се борат против комунизмот.

Во 1919 г. присилена и очајна ги носи децата во згрижувачки дом, за да им обезбеди подобра иднина. Постарата ќерка Аријадна (Аља) се разболела и Марина ја зела со себе, но двегодишната Ирина останала таму, и после три месеци починала од глад во домот. Марина за ова никогаш нема да си прости. Наоѓа утеха единствено во пишувањето. Ќе оствари блиска врска со актерката Софија Холидеј, за неа ќе напише неколку претстави. Подоцна ќе напише и роман во која ја опишува својата врска со глумицата.

Откако завршила Граѓанската војна, стигнува веста дека сопругот ѝ е жив и дека се наоѓа во близина на Прага. Во мај 1922 г. со ќерката заминуваат таму да му се придружат. Песните „Разделување“, „Песни за Блок“ ги печати, заедно со поемата „Царевата љубовница“. Во едно село близу Прага живее во ужасна беда, но во тој период остварува дописки со Блок. Во дописите подоцна се вклучува и Рилке, кој пишува многу, а на Пастернак му посветила цели циклуси. Ја објавува збирката „Занает“, а во 1925 г. го раѓа нејзиниот син Георгиј.

Преселба во Париз и тамошниот живот

Целосно му се посветува на синот, опсесивно го сака и сè му дозволува. Животот и понатаму ѝ е тежок. Семејството се преселува во Париз, следени од немаштија и неуспеси. Сергеј Ефрон копнее за Русија и почнува да работи за руската тајна полиција. Набрзо и ќерката го дели истото убедување свртувајќи се против мајката, а во 1937 г. си заминува во Русија.

Распишана е потерница по Ефрон, се утврдува дека бил поврзан со убиството на Лав Троцки. Цветаева била испитувана од страна на француската полиција. Покрај тоа што се утврдило дека таа нема никакви врски со шпионските активности на нејзиниот сопруг, ја сметаат и нејзе за одговорна.

Во Париз за неа животот повеќе не постои, со синот стигнува во Москва во 1939 г. Меѓутоа не знаела дека ова враќање ќе предизвика сомнежи. Ќе дознае дека сестра ѝ од чијашто помош се надевала, била однесена во логор. Истата година во август ја уапсиле и ќерката на Марина, која била обвинета за шпионажа. Од таму ќе излезе дури после 9 години. Во 1941 г. Ефрон бил стрелан, а Цветаева со синот заминува во Елабуга. Ќе се обдува да најде било каква работа или помош. Одбиена е да се пресели во Кристопољ кој биил седиште на Книжевниот фонд.

Во Елабуга на 31 август 1941 г. ја наоѓаат обесена, оставајќи му проштално писмо на синот. Во него било напишано следново: „Прости ми, само ќе биде полошо ако продолжам. Смртно сум болна, ова повеќе не сум јас. Те сакам страсно. Сфати ме дека не можам повеќе да живеам. На татко ти и на Аља, ако некогаш ги видиш кажи им дека ги сакав до последниот миг. Објасни им дека не можев да најдам излез“.

Марина Цветаева била погребана на гробиштата во Еалбуга, но до денес не се знае точното седиште на гробот.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје