Skip to content

До Цветаева

Песна посветена на големата руска поетеса Марина Цветаева:

 

До Цветаева

 

Секогаш, ама секогаш плачеше сама.

Имаше гладна душа со тага збрана

Кога од глад почина твоето чедо

За тебе веќе немаше сино небо.

 

Се навикна да живееш во болка

Која стана твоја водилка

Се до твојот последен здив

Таа беше твој лајт – мотив.

 

Твоето име наликува на гороцвет

Со кого за Адонис се правел венец

Твојата крв стана река света

За руската непроодна степа.

 

Твоето стебло се раскина под нечистата почва

Проста се почувствува Русинка

Кога одеше низ светлиот град

И назад го најде својот вистински пат.

 

Гордо ја впива твојта крв руската земја

Која не го подаде својот корен да те крене

Да ја обнови твојата слобода

Која во друг универзум го најде Бога.

 

И денес се црвенее твојата песна

Како твојата душа лесна

Секој твој прочитан стих

Е просветлен животен миг.

 

 

Напишете коментар