„Немој се бојати“ гласи српската верзија на овие стихови. Со истите освоив трето место во онлајн натпревар за поезија преку фејсбук група.
Темата за пишување беше според цитат од Меша Селимовиќ кој гласеше: „Бој се овна, бој се говна, а када чу живјети?“
Во продолжение прочитајте го преводот на песната на македонски.
Немој да се плашиш
Кога беше дете се плашеше од темнина
сега се плашиш од различни ствари.
Празна постела, празен стан
ти создаваат болка во градите,
се прашуваш, што е толку тажно во луѓето.
Темната ноќ веќе не е проблем,
туку ако немаш со кого да ја делиш.
Сите чудовишта сега имаат име,
како тага, носталгија, болка, губиток,
сите стравови сега се поврзуваат со луѓе или со живот,
а омразата, пакоста, лакомоста и човечката злоба
се најголеми непријатели во денешната доба.
Немој да се плашиш да живееш по свое,
не се плаши да љубиш со цело срце,
да кажеш “не“ кога тебе ти одговара,
не се плаши да бидеш искрен и јасен,
и ако треба против неправдите гласен!
Немој да се плашиш да живееш по свое,
сите возови не се заминати,
ти секогаш можеш да тргнеш пешки,
бидејќи никогаш не е доцна за нов почеток
и новата страна некогаш почнува со некој губиток.
Ти си храбар за секој нов потфат.
Умееш вистината да ја погледнеш во очи,
Не дозволувај стравот повторно да те закочи.
Биди си себеси свој најголем херој
Твојата приказна пишувај ја со храброст, рој!
Наталија Наумовска
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.