Денешниот избор на песна за деца е од Стојан Тарапуза. Прочитајте им ја најмалите и заедно дискутирајте за времето. Нека ви кажат што претставува тоа за нив и дали знаат да го читаат на часовник.
Песна за времето
Времето е,
времето е
без брегови река,
исполнета,
преполнета
со тишина мека.
Дење, ноќе,
ноќе, дење
– од дамнина, века
сè нанапред само оди
– никого не чека!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.