Во чест на денешниот празник ви претставуваме неколку партизански песни во чест на оние кои го положија својот живот за нашата слобода.
Таму ле мајко близу Битола
- Таму ле мајко, близу Битола,
- во ореовската густа корија,
- Таки Даскалот смело загина
- со неговата верна дружина,
- со нив загина смела девојка,
- млада Елпида Карамандова.
- Предадени од клети шпиуни,
- ги сардисаа од сите страни,
- пушки згрмеа, бомби трештеа,
- крвава почна борба нерамна.
- Тогај извика Таки Даскалот
- на неговата верна дружина:
- – Фрлајте бомби, тиран сотрете,
- живи во рака не се давајте.
- Клети тирани во борба нерамна
- сета дружина му ја убија,
- Таки Даскалот жив не се даде,
- откачи бомба, над неа легна,
- самиот крвта си ја пролеа,
- за слободата на Македонија.
Хитлер вика од Берлина
- Хитлер вика од Берлина:
- – Предајте се партизани,
- млади моми партизанки!
- Моја сила крај си нема,
- имам штуки и тенкови,
- бомбардери и топови,
- ќе изгорам ваша земја,
- ваша земја – македонска!
- Предајте се, да ви простам!
- Штом ги дочул тие зборој
- студент Славко Лумбарков,
- млад комесар од Битола,
- на Хитлера му порача
- од кичевски планини:
- – Запомни ѕверу германски,
- како мина при Сталинград,
- така ќе минеш и в Берлин!
- Каде си слушнал и видел,
- партизан да се предава?!
- Напред, другари, во борба!
- Иввор: Симо Младеновски, Живко Андреевски (ур.), „Доста ропство и тиранство: македонски народни песни со тематика од НОВ и револуцијата“, Скопје, 1978, 30 страна
- Песна за Цветан Димов
-
- Во скопските бездани мачилишта
- лежи Цветан, збор не прозборува;
- трештат камџијите,
- пукат му жилите,
- но очите му горат и режат.
- Пет дена грозните мачители
- коски кршат и живот му цедат.
- Малчете, малчете,
- потифко зборвете –
- ЦВЕТАН ДИМОВ умире во маки!
- За гозба се спремајат џелатите:
- крф ќе пијат на нашиот Цветан…
- Беснеј музиката…
- Беснеј камџијата…
- Македонец умире за народ!
- „ОДМАЗДА, ДРУГАРИ, САКАМ ОД ВАС,
- КРФТА МОЈА НЕК’ СКАПО СЕ ПЛАТИ!“
- Малчете, малчете,
- потифко зборвете,
- Цветан Димов умире во маки…
- Коста Солев Рацин, „Поезија“, „Наша книга“, Скопје, 1987, 203 стр.