Мир

 

Доаѓа пролетта. Време е за војни.

Зарем досега не сме војувале?

Зарем непознати ни се овие варваризми

Каде се на пиедестал сите примитивизми?

 

Згречени лица без достоинство

Заради тоа сулудо воинство?

Не, немаме ние крв да пролеваме веќе

Нудиме само од нашите раце мирисливо цвеќе.

 

Да шириме раце братски како крилја

Гулаби бели се нашите полиња

Езерата наши се сини очи

Од кои братска љубов се точи.

 

Никогаш веќе да нема тажни лица

Кои ќе патат од оваа бесмислица

На планетата да владее вечен мир

Да нема оков и синџир.

 

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!