Занимливости и информации Поучни приказни

Поучна приказна за прстенот и момчето

Во приказната се работи за едно момче кое му се обратило за помош на еден мудрец, велејќи му:
– Доаѓам учителу бидејќи се чувствувам толку безвреден и немам волја за ништо. Ми велат дека сум трапав, невнимателен и дека ништо не правам како што треба. Како да се променам? Што да направам за да ме почитуваат повеќе?

Учителот и без да го погледне, му рекол:
– Навистина ми е жал момче. Не можам да ти помогнам додека не го решам својот проблем. Можеби после тоа… Малку застанал и додал:
– Кога ти би ми помогнал, тоа би се средило брзо и потоа можеби би ти помогнал.
– Со задоволство учителу, се колебало момчето повторно чувствувајќи дека е обезвреден и дека неговите потреби се занемарени.

– Добро, продолжил учителот. Го извадил прстот кој го носел на малиот прст на левата рака, давајќу му го на момчето и рекол:

– Земи го коњот што е надвор и одјавај до пазарот. Треба да го продадам овој прстен бидејќи треба да вратам еден долг. За него мора да добиеш најдобра возможна цена и не прифаќај помалку од еден златник. Оди побрзо и врати се парите.

Обид за продажба на прстенот

Младичот го зел прстенот и заминал. Штом пошол на пазарот, застанал да им го нуди прстенот на трговците, кои го гледале со љубопитност додека момчето не им кажало колку бара за него. Кога момчето спомнал златник некои се насмеале, други ја вртеле главата. Само еден старец бил доволно љубезен да му објасни дека златникот е превреден за да го добие во замена за прстенот. Некој сакал да помогне и му понудил сребренарија и бакарен сад, но момчето добило упатства да не прифаќа ништо помалку од златник, па затоа ја одбило понудата.

Откако им го понудило прстенот на сите што ги сретнало на пазарот, а биле повеќе од стотина, скршено поради неуспехот се качило на коњот и се вратило. Колку само сакало да има златник, да може да му го даде на учителот и конечно да ги надмине грижите добивајќи совет и помош. Влегло во собата.

– Учителу, рекол, жал ми е. Не можев да го добијам тоа што го бараше. Можеби можев да добијам два или три сребренарии, но се сомневам дека некого ќе можам да го излажам за вистинската вредност на прстенот.

– Тоа што го кажа е многу важно, млад пријателе, му одговорил учителот. Најпрво мораме да ја осознаеме вистинската вредност на прстенот. Поново јавни го коњот и оди во златара. Кој може да знае подобро од златар? Кажи му дека сакаш да го продадеш прстенот и прашај го колку може да ти даде за него. Но колку и да ти нуди, не му го продавај. Врати се ваму со прстенот.

Откривање на вистинската вредност

Момчето повторно го јавнало коњот. Златарот го прегледал прстенот на светло од маслена ламба, го погледнал низ лупата, го измерил и му рекол на момчето:

– Кажи му на учителот, момче, дека ако сака одма да го продаде, за прстенот не можам да дадам повеќе од педесет и осум златници.

– Педесет и осум златници?, извикало момчето.

– Да, одговорил златарот. Знам дека со текот на времето за него би можеле да добиете шеесет златници, но ако го продава итно…

Момчето возбудено тргнало назад до куќата на учителот и му кажало што се случило.
– Седни, му рекол учителот откако го ислушал. Ти си како овој прстен: вистински бисер, вреден и единствен. И како таков може да те процени само вистински експерт. Зошто одиш низ животот сакајќи некој неважен да ја открие твојата вистинска вредност?

Велејќи го тоа, повторно си го ставил прстенот на малиот прст од левата рака.

Прочитајте ја и поучната приказна за времето.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје