Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Јас сум ти – Виктор Кадинец

Не сум јас,
секаков, за да не веруваш.
Јас сум ти мислата и погледот спуштен,
во воздишката, не издишана која ти тлее,
заглавена во грлото на помислата.
Не сум јас,
питач за љубов во картонска кутија.
Јас сум твојот неочекуван зрак,
во пирамидата, која те крие, спие,
пие како голтка на сплет на случајности.
Не сум јас,
гордост, ниту ќе бидам.
Јас сум ти стравот, во сплавот
и подадена рака, искрена, чиста,
во реката која ти пресушила од солзи.
Не сум јас,
да не ми дариш минута, две.
Јас сум времето кое те бара,
наидува, стихува,
како клокот на изворот од нектарот на вистината.
Не сум јас подлец,
крадец на страсти и срце без татнеж.
Јас сум погледот во недогледот,
на очите твои, искапени во облаче бело,
смело.
Јас не сум она што го очекуваш.
Јас сум она што го пречекуваш,
стихијно, во тебе,
од себе, за себе,
со насмевка и лебче со мед.
Јас сум ти и ќе те разбудам од сонот,
бидејќи постојам.

Виктор Кадинец

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје