Занимливости и информации Културни настани

Онлајн промоција на „Каселата за сонот македонски“од Снежана Алексиќ Станојловиќ

Доказ дека културно-уметничките настани сепак може да продолжат да функционираат и во поинакви услови е оваа онлајн промоција. Настанот ќе се одржи овој петок (16.10) со почеток во 19 часот преку апликацијата Zoom. На фотографијата е прикажан линкот за влез, а промоторот Филип Димкоски ги повика заинтересираните да се приклучат и да ја следат промоцијата.

„Поезијата нè зближува колку и да сме оддалечени…Овојпат каселата на емоциите пред вас ја отвора поетесата Снежана Алексиќ Станојловиќ преставувајќи ја својата книга „Каселата за сонот македонски“ наградена како најдобра книга напишана на македонски јазик од странски автор од страна на Битолскиот книжевен круг, за 2019 година.

За книгата ќе зборуваат рецензетите Весна Мундишевска Велјановска, Милица Радевска и Филип Димкоски, а поезија ќе слушате во оригинална интерпретација на авторката. Низ програмата ќе ве води Филип Димкоски, додека магијата на канонот ќе биде во рацете на музичкиот гостин Тимко Чичаковски.

Ретка можност за книгољубците од Македонија но и од регионот, да ја надминат физичката оддалеченост и да се сплотат со топлината на поетската реч“, вели промоторот и водител Филип Димкоски.

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

WP Twitter Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Крајбрежје