Пченично зрно

Прочитајте ја оваа детска поучна приказна за да ја научите вредноста на трудот.

Претајќи по дворот, една кокошка нашла зрно пченица.

„Кој ќе го посее зрново?“ – прашала таа.

„Јас не го сеам“ – рекол мисирот.

„ Јас не го сеам“ – рекол паторот.

„Тогаш ќе го посеам јас“ – рекла кокошката  и го посеала зрното.

Кога узреало житото, кокошката пак прашала:

„Кој ќе го носи житото на воденица?“

„Јас не го носам“ – рекол мисирот.

„И јас не го носам“ – рекол паторот.

„Тогаш ќе го однесам јас“ – рекла кокошката и го однела житото на воденица.

Кога се сомлело житото, кокошката пак прашала:

„Кој ќе меси леб од брашново?“

„Јас не месам“ рекол мисирот.

„И јас не месам“ – рекол паторот.

„Тогаш јас ќе замесам леб“ – рекла кокошката и замесила леб.

Кога се испекол лебот, кокошката прашала:

Кој ќе го јаде лебов?

„Јас !“ – викнал мисирот.

„И јас!“ – викнал паторот.

„Не, вие нема да го јадете, туку ќе го јадаме јас и моите пилиња“ – им рекла кокошката.