Мотивот љубов е еден од најуниверзалните и најзастапените во сите уметнички облици. Поезијата од Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, составена е од стихови кои тоа можат да го докажат.
Неговото творештво го сочинуваат преку 1000 поеми, 2000 песни, 8 романи, 24 драми, голем број есеи. Тој е добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1913 г. за збирката песни Гитанџали.
Прочитајте во продолжение што кажал Тагоре за човекот и љубовта.
„Цивилизацијата не смееме да ја судиме и цениме врз основа на тоа колкава моќ остварила туку по тоа колку во своите закони и дела изразила љубов кон човекот“.
„Длабочината на пријателството не зависи од должината на познанството“.
„Нема таква поезија која би можела да се вивне до оние висини до кои допира љубовта“.
„Пејачот не ја прави сам песната, мора да има некој да ја слушне“.
„Она што ни е потребно за да бидеме слободни е љубовта; таа има сила со радост да го носи бремето на светот“.
„Вербата е птица која чувствува светлост кога во зората и понатаму е мрак“.
„Големите срца сакаат малите бараат да бидат сакани“.
„Не се молиме за да бидеме склонети од опасност туку без страв кога ќе се свртиме кон неа“.
„Само она што го правиме од љубов го правиме слободно, без оглед колку тага тоа ни предизвикало“.
„Многу е едноставно да се биде среќен, но многу е тешко да се биде едноставен“.
„Не ги ограничувајте децата на вашето сопствено учење бидејќи тие се родени во некое друго време“.
„Во љубовта исчезнуваат сите животни спротивности“.
„Секое дете доаѓа со порака дека Бог сè уште не е обесхрабрен од човекот“.
„Некој да го имаме целосно е најдобро; ако тоа не е возможно, тогаш е најдобро целосно да го изгубиме“.
„Го читаме светот погрешно и кажуваме дека тој нè измамува“.
„Музиката ја исполнува бесконечноста помеѓу две души“.
„Копнеам да седам немо покрај тебе, но срцето би ми скокнало преку уста. Затоа брборам и зборувам лекомислено, и го затрпувам своето срце со зборови“.
„Човекот е суров, но човекот е дете“.
„До вистината можеме да дојдеме само ако ни е дадена слобода да грешиме“.
Прочитајте ги и следниве мисли за амбицијата кои ќе ве поттикнат да се борите за своите соништа!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.