Да бев еден конец,
да ме подврзеше среде рид на дрво,
да ме дувнеше ветар славно,
да ме носи, да ме коси,
како бајрак раскинат од битка.
Да ти долетав на коси,
ко виулица да те опколев.
Тема да ти бев на песна,
ко химна на бајракот,
да ме запееше.
Да станеше, да ставиш рака на срце,
да заплачеше,
да ми плеснеше еден шамар,
да ме удреше на гради,
да викнеше, крикнеше:
“Абе луд ли си ти, кај беше досега”
Па да ти речев:
“Абе еве тука сум и сега шо”.
Па да се бакневме,
под бајракот, после химната.
Виктор Кадинец