Петар Пан – детето кое се крие во секој

Петар Пан е лик создаден од шкотскиот романописец и драматург, Џ. М. Бери. Ликот на Петар Пан е создаван меѓу 1897 и 1902 година. Освен во две дела од Бари, ликот има доживеано низа адаптации во театарски претстави, на телевизија и во филмови. Во 2006 година, британската авторка Џералдин Макоркран објави официјално продолжение на оригиналната книга на Бeри, насловено „Петар Пан во црвено“.

Ликот на Петар Пан е прикажан како безгрижно момче кое живее во Недојдија и одбива да порасне. Во авантурите на малиот остров тој го поминува своето детство како водач на неговата банда Изгубените момчиња, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати. А одвреме-навреме сретнува необични деца од надворешниот свет.

Момчето е полно е со самодоверба и секогаш се труди да покаже колку е добар во нештата што ги прави. Си препишува заслуги кои не се негови. Се однесува лежерно, како да не му е грижа за ништо. Во некои варијанти од приказните е доста пакосен и себичен. Има проблем со своите емоции. Не знае што точно чувствува. Не може да ги пренесе своите емоции. Некогаш е премногу критички настроен кон другите.

Дали денешните луѓе се како Петар Пан?

Речиси сите сме се нашле во ситуација кога не знаеме што точно чувствуваме, ниту пак знаеме како да ги покажаме своите емоции. Со денешното темпо на живот и притисокот да се биде успешен, многу луѓе се китат со туѓи перја, односно туѓите заслуги си ги припишуваат на себе си. На крај, сите сакаме да се опуштиме, да се однесуваме како да не ни е грижа за ништо. Сетете се колку пати сте биле груби со другите, како Петар Пан.

Возрасните луѓе и Петар Пан имаат нешто заедничко. Премногу се кршливи и слаби кога се соочуваат со реалноста дека не е сè онака како што изгледа или како што си замислиле. Петар Пан е скршен од фактот дека Венди еден ден ќе порасне и ќе се омажи со друг. Исто како Петар, така многу луѓе ги затвораат очите пред фактите за да не се скршат.

Возрасните луѓе, како и Петар Пан, не сакаат да се возрасни. Повеќе сакаат да можат да се вратат во времето и да бидат безгрижни деца. Она што забораваат е дека не мора да пораснат. Не мора да се вклопат во светот на возрасните. Не мора да се придржуваат до непишаните правила на општеството. Можат да си создадат свој свет и во него да бидат бунтовни и среќни. За да бидат среќни никако не смеат да ги заборават желбите на малото дете кое биле. Никако не смеат да дозволат детето во нив да порасне.

Адаптација на името Петар Пан

Иако македонскиот правопис налага имињата од странско потекло исклучиво да се транскрибираат на кириличното писмо, во овој случај наместо Питер Пен, името е преведено и познато како Петар Пан, поради преводите на делата поврзани со овој лик. Името е адаптирано на овој начин за да биде послично со мнозинството имиња во македонскиот јазик, исто како што е направено и со многу други имиња кои навлегле во македонската народна кулутра и народен говор.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!