Skip to content

Предлог за оваа седмица – „Белата светлина во Париз“ од Тереза Ревај

Денешен предлог за книга е „Белата светлина во Париз“ од француската писателка и преведувачка Тереза Ревај. Оригиналниот наслов на книгата е „Белата волчица“ и се однесува на главната хероина во книгата Ксенија Осолин која е невиден борец во животот. Тоа е таа бела и храбра Русинка која бега од болшевичката револуција во Париз. Откако ги губи родителите станува столб  и заштита на своето семејство. Таа го поседува тој мајчински инстинкт да ги заштити своите. Како што вели и нејзиниот вујко во романот „таа е волк, помисли тој, импресиониран од нејзината решителност и храброст. Бел волк, суверен, кој би го дал својот живот за да го брани своето семејство …

Романтична приказна

Ова е една романтична приказна за една луда љубов помеѓу неа, големата и силна Ксенија и благородниот германски фотограф Макс фон Пау. Таа љубов кој вродува со плод, но таа успешно го крие од Макс, во турбелентните виори на нацизмот кој владее во Германија. Не се предава целосно на неговата љубов заради како што вели таа од страв да не ја изгуби својата слобода и независност и останува да живее во Франција. Таму и подава рака адвокатот на нејзиниот вујко со кого живее во брак во потрага по преживување.

Но, што се случува понатаму?

Војната започнува, Берлин е разорен и Ксенија се враќа таму да го најде и спаси нејзиниот изгубен љубовник шармантниот Макс фон Пау, таткото на нејзиното дете, малечката Наташа. Тука веќе започнува вториот дел од приказната насловен Сите соништа на светот. Се разбира, тука е и нивната следна средба после сите ужаси кои ги носи војната. Макс фон Пау не е веќе истиот човек,  тој е само бледа сенка која го изгуби сјајот во своите очи. Дали Ксенија ќе успее да го спаси од еден руски логор? Дали духовите од минатото остануваат да живеат и покрај се? Како ќе заврши оваа страсна романса дознајте од овој прекрасен комплет романи преплавени со чувства, емоции и историски настани.

Уште повеќе, книгите даваат презицни детали за многу историски настани од тој период за кој авторката и требало една година да ги документира….ќе уживате во нив..

 

Напишете коментар