Бакнежот на мислата – Виктор Кадинец

Не му верувај на човек,
зошто од секоја усна не излегува добрина,
зошто лоши им се мислите,
стиснати, како во преса ставени.
Заборавиле за каде полетале,
па слетале помеѓу своето битие
и сопствените лимити.

Не му верувај на човек,
кој куди друг човек.
Сожалиго, тој се нема во себе.
Цвеќе бујно, дарено со овената мисла,
нема мирис, ниту пчела ќе му слета.
Неговото себе е семе без стебло.
Така се стуткало и бара сонце,
а се грее на месечина.

Не му верувај на човек,
за кој животот му е животарењето на друг човек.
Зошто тој паднал во килава заблуда,
па и нема друг избор освен да оди по
скалата на зборовите
и да го троши времето на лоши мисли.

Не му верувај на човек кој простил,
оти простено е само од Бога.
Зошто човекот со збор не простува,
туку само го изустува,
за полесно да му биде.
Да го мислат добар, чист, спокоен.

Зборови се тоа, а не мислите.
Оти мислите не говорат,
нуту од секоја усна излегува добрина.
Бакнежот на мислата ти треба.
Е тоа е говорот на мислите,
во молк.
Кога мислите говорат,
без збор и зборот има значење.
Оти секој може да бакне,
ама не со мисла и умисла.
Има разлика.

Виктор Кадинец

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!