Кратка поучна приказна за тоа како се отвораат големи врати

Еден цар одлучил да ги тестира своите дворјани за една важна положба. Околу него застанале моќни и мудри луѓе, а царот им рекол:

– Имам недоумица и ме интересира кој од вас ќе ми помогне да ја решам. Потоа ги одвел до огромни врати и им рекол: Овие се најголеми и најтешки врати во моето царство, објаснил царот. Може ли некој да ги отвори?

Најголемиот број од присутните веднаш почнале да одмавнуваат со главата во неверување. Неколку од нив кои дворјаните ги сметале за мудреци почнале да ги гледаат вратите одблиску, ги допирале и се премислувале. Накрај сите признавале дека не умеат да ги отворат.

Меѓутоа, од толпата скокнал еден дворјанин, им пришол на вратите, почнал да ги гледа, ги опипувал и туркал. Одеднаш, повлекол силно и вратата се отворила! Вратите веќе биле подотворени, но не биле заклучени. За отварање на веќе подотворените врати била потребна само самодоверба за тоа да се направи во присуство на самиот цар.

Царот разгласил: Ти ќе добиеш место на овој дворец. Не се потпре само на она што го гледаш. Се осмели и се обиде да го направиш она што на почеток изгледаше невозможно.

Така е и во нашите животи: многу врати се веќе отворени, но се плашиме да ги отвориме докрај.

Виктор Иго одамна рекол: Да се осмелиш, тоа е цена на напредокот!

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!