Душа, тело, ум Занимливости и информации Психолошко катче

Енергија – хаотичен обид за објаснување

Од почеток до крај, ние сме енергија. Атоми создадени од ѕвездена прашина. Парчиња од мајката галаксија претопени во еден вид на калап за доживување на едно искуство кое би требало да ни помогне да се соочиме со сопствените приказни. Сценарија кои пред самото создавање можеби и самите сме ги избрале.

Постои една теорија, таа гласи вака: Сè што праќаш емоционално во универзумот, така ти се враќа. Со помалку зборови – карма.

Можеби е премногу лично, можеби и не треба да го пишувам ова во овој момент кога сите букви ми се измешани во главава. Кога зборовите удавени во чашите црвено вино веќе немаат значење, но сепак ќе продолжам.

Енергија. Што значи тоа?

Тука ќе дадам едно свое излагање.

Нашата енергија е најсировиот дел на кој ние како личности се темелиме. За пет минути. Само за пет минутки оставете ги предрасудите и сè она на кое досега сте навикнале и послушајте ме. Енергијата е магнет. Од една страна го привлекува она што веќе потсвесно знае дека го има, а од друга страна го одбива она што со сила ѝ е дадено.

Мал стоп за една добра квота

Постои една квота што мене лично ми е многу блиска, потекнува од филмот I Origins и гласи вака:

Кога големата експлозија настанатала, сите атоми во универзумот се стуткале заедно во едно мало точкиче што потоа експлодирало нанадвор. Па според тоа моите атоми и твоите атоми тогаш сигурно биле заедно и којзнае, можеби и во последните 13,7 билиони години и неколкупати се стуткале заедно. Моите атоми ги знаат твоите атоми и отсекогаш ги знаеле. Моите атоми отсекогаш ги љубат твоите атоми.

Оваа квота донекаде на логичен начин го објаснува постоењето на сродни души и души близнаци, но за тоа подетално некој друг пат.

Чакри

Ако одиме по веќе засновани факти. Постојат седум чакри, седум полиња на енергија во човековото тело: Мулдахара (основната чакра), Свадистана (сакралната чакра), Манипура (соларна плексус чакра), Анахата (срцева чакра), Висуда (чакрата на грлото и гласните жици), Ајна (чакра – веѓа или чакра на третото око) и Сахасрара (последната чакра која се смета за чакра или енергетско поле поврзано со чистата совест).

Се смета дека ако едно енергетско поле од овие седум е затворено, тогаш настанува дисбаланс на енергијата во човечкото тело. Битно е да кажеме дека секое поле си има своја посебна боја и посебен симбол како и посебна улога, но и за чакрите повеќе во друга објава. Тука ќе се сконцентрираме на енергијата како општ поим. Според горенаведеното, споменато е дека енергијата, онаа духовната доаѓа од нешто повисоко. за некого тоа е Бог, за некого Универзумот а за некого пак тоа доаѓа од влијанието на планетите.

Јинг -Јанг

Погрешено размислување тука нема – сè додека енергијата е чиста и кармичкиот пат е праволиниски небитни се разликите во верување.  Меѓутоа, верувале ли во Бог, Универзум или планета, едно нешто е заедничко, а тоа е постоењето на светла (или “добра) енергија и темна (или “лоша енергија). Што нè носи до верувањето на Јинг и Јанг. Тоа  гласи вака: “Во секое зло има нешто добро и во секое добро има нешто мрачно.” Ова верување ни укажува на тоа дека сепак, ништо не е дефинитивно црно и бело туку еден вид на сиво ограничено со граници. Затоа, на сите оние кои моментално се наоѓате во мрак (било тоа да е депресија, лутина, нервоза, огорченост), не сте сами, дадете си време за да го пронајдете оној дел од вас што веќе опстои во тој “светол” дел на формата на Јинг и Јанг, просто речено, допрва доаѓа најдоброто. На оние кои мислат дека го достигнале врвот, ако сте искачиле еден, не значи дека не постојат уште многу други, искористете го сопственото “сивило” или пак “белина” (зависи од кој аспект гледате) и поддржете ги оние кои сè уште се изгубени. Само со спојување на двете во совршен круг може да се достигне еден вид на хармонија.

Емпати и енергетски вампири

Кога сме веќе кај енергија и издигање на едни со други, редно е и да ги споменеме емпатите. Емпатите се исклучиво сензитивна група на луѓе кои можат да почувствуваат енергија, било тоа да е негативна или позитивна. Емпатите се оние кои најмногу привлекуваат луѓе со ниски вибрации на енергија. Со тек на време или потпомагаат таа вибрација да се подигне или па, исцрпени продолжуваат по сопствениот пат знаејќи дека таа одредена личност не е спремна или пак, не сака да излезе од сопствениоот мрак (зошто сепак, секое искуство е лекција па и оние лошите).

Спроти емпатите се енергетските “вампири”. Тоа се оние кои се хранат на туѓата енергија.Често после средби со нив се чувствувате уморно, “паднато” и тажно. Тоа се луѓе заглавени во сопствениот циклус и добро го знаат тоа. Обично отвараат “црни” теми за разговор, постојано се жалат и го мразат светот. Иако имаат релативно сè за да живеат комфорно сепак, го криват животот за нивниот личен неуспех како солидно човечко суштество. Секако, како и сите останати овој тип на луѓе со тек на време може да ги увидат сопствените грешки и да се сменат, но додека не го направат тоа, мој совет е: Што подалеку од нив.

Заклучок

Накратко од сево ова:

Сите сме енергија. Кога имате вишок на оние кои сакаат, поделете ја, кога немате или па е “мрачна”  држете се.  Доаѓаат поубави денови и секако, подалеку од енергетски вампири.

Имајте прекрасна вечер, ден, пладне, од каде и да нè читате.

Многу љубов до вас.

Анастасија.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје