Skip to content

Плаши се…од жена со свое јас! – Ирена Блажеска

  • by

Знаеш…има едни жени, силни жени, посилни и од карпа, похрабри и од надеж, жени со карактер, жени со моќно свое јас, кои веруваат во себе. И после секоја победа, и после секој пораз, достоинствено стојат на пиедесталот, чувајќи го врвот гордо, со став, со иднина. За нив ништо не е граница, за нив ништо не е невозможно. Тие можат ако посакаат, тие можат ако треба, можат секогаш, да се борат до крај. Со силна желба за олуја, со силна желба за мир.

Од тие жени плаши се брат, од тие кои не потклекнуваат ни на закана, ни на насмевка, на ништо. Од оние кои молчат и траат во себе, а толку многу зборуваат, зборуваат со поглед, со молк. Од нив плаши се, од оние кои не трепнуваат ни на  болка, ни на радост, ни на н
асмевки,ни солзи. Толку се тврдокорни, иако се само нежни цветови расфлени насекаде по светот.

Можеби некогаш нешто ќе им ја изгори душата , но после тоа ќе бидат уште помоќни, после тоа ќе постанат лавици, кои ќе го изгорат целиот свет. Со нив нема играње брат, со нив нема зезање, тие се тука, таму, сега, после, ги има секогаш и насекаде. Од нив плаши се…. од нив, од нивната зрелост, од нивното јас.

Ирена Блажеска

Напишете коментар