Занимливости и информации Поучни приказни

Поучна приказна за трите прашања

Постојат само две нешта кои можат да ти ја украдат радоста од Сегашноста: твоите негативни мисли за Минатото и твоите негативни мисли за Иднината.

Старецот продолжил: Ќе видиш дека најмногу помага ако почнеш да го набљудуваш она што мислиш дека е Минато. Подоцна ќе се позанимаваме со Иднината – ветил старецот.

Младичот рекол: Значи, секој пат кога ќе почувствувам дека нешто ме спречува да уживам во Сегашноста и дека ми оди добро, тоа е мигот кога би требало да погледнам во Минатото и да научам нешто од него.

Да – одговорил старецот. Време за учење, уште еднаш тоа потврдувајќи го, е секое време кога сакаш Сегашноста да ја направиш подобра од Минатото. Кога си вознемирен, или имаш било какви други негативни чувства за Минатото која се меша со Сегашноста, тогаш мора да одвоиш време да погледнеш во Минатото и да научиш нешто од него.

Младичот прашал: Зошто добар миг за учење е баш кога чувствувам нешто негативно?

Старецот подготвено одговорил: Бидејќи тогаш можеш да ги искористиш сите свои чувства за да те научат нешто.

И како да го направам тоа? – прашал младичот.

Старецот одговорил: Најдобар начин е да си поставиш себеси три прашања, и да одговориш најискрено што можеш. Тие прашања се:

1. Што точно се случи во минатото?

2. Каква поука извлеков од тоа?

3. Што можам да направам овој пат поразлично?

Прочитајте ја и кратката поучна приказна за кралот и четирите жени!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје