Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Сендвич – Виктор Кадинец

Да си купиш сендвич.
Да ти е мисла дур го носиш дома,
шубав е.
Како лекторска корекција на шубав,
да си викаш прекрасен.
Да не знаеш дали помфритот прво
или плескавица да ја конзумираш.
Дали повеќе ти треба кечап или мајонез.
Да ти ѕврчни низ прсти кепачот дур го јадиш сендвичот
и мајонез да ти го извалка фармерчето.
Да немаш после што да облечиш
оти фустанчето си го извалка од претходниот пат
кога одевме у кафич или требаше да одиме,
кога ме зафркна и ми рече дека денес не можиш,
оти не си расположена.
Кога ќе се бришиш, паломата да ти падни на земја.
Да се думаш дали да ја крениш или не,
како прилепски дијалект, некорегиран.
Кога ќе го лапниш сендвичето,
да земиш цигара, да немаш упалјач,
да молиш и за кибритче.
Да те фати јанѕа оти немаш со што да си ја запалиш.
Па да ти поминам покрај тебе со новиот зипо,
да си запалам цигара до тебе,
да ме гледаш дур ја конзумирам,
да те инспирирам да напишеш песна за мене.
Па да ти речам-сакаш да ти го светнам или сакаш сама,
да направиш драма,
да се правиш дама.
Литературно да зборам,
да се борам, дур зипото очајно го бараш,
во мисли да ми караш.
Да направиш фаца смела,
па да речиш ела да те бацам.
Здивот на сендвичот да ти мириса и кошулата моја на душата твоја.
Па така како шо си седиме на тревата во паркот,
кога неиздржа да го изедиш сендвичот дома,
да падниме во љубовна кома.
Е то е сендвич.

Виктор Кадинец

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје