Занимливости и информации Поучни приказни

Кратка поучна приказна: Пат на небото

Некој човек, неговото куче и коњ патувале заедно. На пустиот пат почнала бура. Баш кога проаѓале под гигантско стебло во него удрил гром и сите погинале. Човекот не сфатил дека го напуштил овој свет, па продолжил да патува со двете свои животни. На мртвите некогаш има треба малку време да увидат кај се нашле.

Патот бил долг и напорен, непрекината угорнина, сонцето печеле, а ти се потеле и биле жедни. На една кривина здогледале убава врата со мермерен ѕид. Патот од неа водел до плоштад поплочен со златни плочки, а во неговото средиште се наоѓала чешма од која течела кристално бистра вода. Патникот му се обратил на чуварот што бил на влезот.

– Добар ден.

– Добар ден, отпоздравил стражарот.

– Кое е ова убаво место?

– Тоа е Небо.

– Каква среќа што нè доведе патот до Небото. Многу сме жедни.

– Господине, можете да влезете и да се напиете вода колку што сакате.

Чуварот му покажал кон чешмата.

– И коњот и песот ми се жедни.

– Искрено жалам, рекол на тоа стражарот. На животните овде влезот им е забранет.

Човекот многу се разочарал бидејќи бил многу жеден, но сам не сакал да пие. Му се заблагодарил на стражарот и го продолжил патот. Уште долго оделе по угорнината, кога наишле на друга врата. Таа била трошна која водела до земјена патека обиколена со стебла. Во сенката на големата кошница од дрвото лежел човек на кој главата му била покриена со шешир. Веројатно спиел.

– Добар ден, го поздравил патникот.

Човекот отпоздравил кимајќи со главата.

– Многу сме жедни, јас, мојот коњ и пес.

– Ете извор таму во карпата, рекол човекот покажувајќи со прстот. Пијте колку сакате.

Човекот, коњот и песот пошле до изворот и ја угасиле жедта.

Патникот се вратил да му се заблагодари на тој човек.

– Дојдете кога сакате, му рекол тој,

– Патем, кое е ова место?

– Небо.

– Небо? Но чуварот пред мермерната врата рече дека тоа било Небо!

– Тоа не е Небо, тоа е Пекол.

Патникот бил збунет.

– Требаше да им забраните да го користат вашето име! Тој лажен исказ сигурно е извор на големи забуни!

– Ни случајно. Впрочем, тие нас ни прават голема услуга. Бидејќи таму остануваат сите оние кои се во состојба да ги изневерат најдобрите пријатели.

Прочитајте го и краткиот текст за младичот на прагот на триесеттите кој барал помош.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје