Skip to content

Објавен е-зборник на тема „Читам, пишувам и цртам во време на корона“ од библиотека „Центар за култура“ Кладово

Електронскиот зборник насловен според името на конкурсот е веќе достапен во онлајн форма. Негов уредник е Жаклина Николиќ, а конкурсот траеше од 22 Април до 22 Мај. Зборникот се состои од четири дела. Сите автори добија благодарница за учество, благодарение на одличната работа на уредничката и библиотекарка и останатите учесници во целата организација.

Прв дел

Во првиот дел се претставени литературни дела кои со насловите и темите нè водат низ „време на корона“. Со нив се преиспитуваме за многу прашања, како на пример за слободата, почеток на новиот век, крај на времето и време за краеви итн.

Со нивни дела во зборникот се застапени и еминентни српски уметници и писатели на кои уредниците им испраќаат посебен поздрав. Тие се: Владимир Пиштало (еден од најзначајните современи српски писатели, добитник на најголем број српски награди), Бојан Љубеновиќ (писател и сатиричар од Белград, автор на повеќе книги афоризми, сатирични приказни и книги за деца), Милош Петковиќ (писател од Ниш, автор на театарски драмски текстови, сценарија за стрип романи во жанр епска фантастика, добитник на многубројни книжевни награди), Стефан Тиќми (писател за деца и возрасни од Лесковац), Горан Ќеличанин (карикатурист од Варварин), Горан Новаков (карикатурист, вајар, сценограф, писател за деца, и илустратор од Нови Кнежевац) и др Јелена Мариќевиќ Балаќ (доктор по филолошки науки по потекло од Кладово, професор на Универзитет во Нови Сад).

Втор дел

Во вториот дел се претставени автори од Македонија меѓу чии редови доминираат прозни текстови со наслови и приказни за страшниот и непознат вирус. Со пораки да се остане дома, но и позитивните страни на карантинот, време налик на сон и пролет иста за сите нас на оваа планета. Застапените автори се Наталија Наумовска, Викторија Саздовска, Ема Атанасовска, Светлана Б.,  Сандра Гонева, Ивона Давкова, Виолета Јовановска, Надица Караколева, Јована Лазаревска, Азра Муриќ, Габриела Николоска, Елеонора Николовска, Силвана Панева, Даниела Прнарова, Емилија Симјановска, Свето Стаменов.

Трет дел

Во третиот дел е претставен трудот на најмладите автори кои се најоптимистични. Испраќаат порака дека против корона се борат со помош на стихови. Поврзани се со феномени и појави кои им даваат сила и љубов, а тоа се: семејството, мајката, учителката, радоста околу будењето на пролетта итн.

Во крајниот дел прикажана е мала ликовна галерија од весели ликовни дела, а на повеќето потпишани се млади автори.

Е-зборникот можете да го прочитате онлајн на следниот линк.

Напишете коментар