Вашиот глас Литература Проза

Вистинска љубов – Габриела Стоимановска

Вистинската љубов е нешто најубаво што може да го доживее секој човек. Вистинската љубов немала крај? Не се согласувам со ова, сè има крај и сè некогаш завршува, а единствениот начин да остане е цврсто да го држите до себе.

Зарем ако не ставиме вода на цветот тој ќе живее ли? Човекот е како цветот, нежен и чувствителен, а ако малку посилно се притисне се крши на илјада парчиња, баш како и човековото срце. Не е доволно само да сакаш некој како некои не го разбираат тоа? Според мене довербата и верноста се најголемите вредности во една врска. Па има ли љубов без доверба? Може да сакате некој, а да не му верувате на зборот?

Можеби само се залажувате дека баш тоа е вистинското. Не го најдов вистинското затоа што не е време ниту место. Сè во нашиот живот се случува поради оваа или онаа причина, но ништо не е случајно. Постојат врски полни со љубов во кои потоа жената трпи насилство и тоа е дел и правило на љубовта? Не станува збор само за физичко малтретирање, а што со жените кои трпат навреди секојдневно?

Не, не смеете да се залажувате себе си, не сè што мислите е љубов. Живееме во општество каде мажот е сè, а до кога така? Доколку самите не се избориме за нашето место во општеството никој тоа нема да го стори наместо нас!

Габриела Стоимановска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје