Пјер де Ронсар – „Кога ќе бидете навистина стара“

Прочитајте го денес преводот од француски јазик на сонетот „Кога ќе бидете навистина стара“ од францускиот поет Пјер де Ронсар.

Кога навечер ќе седите седа, полу-слепа, и стара
Крај камин, бавно волна предејќи
Ќе кажете, рецитирајќи и восхитувајќи:
Ме славеше еднаш Ронсар кога бев убава велејќи.

Тогаш слугинка нема да имате која слушајќи рецитал
малку сонлива од работа на вретеното тешко
која на моето име ќе се разбуди полу- свесно,
Да го благословува вашето име и  да го стави на бесмртен пиедестал.

Ќе  бидам под земја и дух без коски:
На сините сенки со мирис на мирна ќе им бидам гостин:
Вие ќе бидете старка со грпка што ползи,

Жалејќи за мојата љубов, и за вашата надменост горда
Живејте, ако ми верувате сега, не во утрешност бодра,
Наберете ги уште денес од животот најубавите рози.

Слушнете го овде сонетот на француски јазик Рецитал на еден од најпознатите ренесансни сонети на Ронсар „Кога ќе бидете навистина стара“

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!