Книга VS Филм Уметност

Вечно прашање – книга или филм?

Иако често се среќава прашањето дали е подобра книгата или филмот, сепак станува збор за два различни медиуми. Книгите ги читаме и сами создаваме слики, бои, звуци и мириси. Ги замислуваме местата и ликовите за кои читаме. Филмот е нечие друго гледиште. Ни доловува звуци и слики, бои и лица, но секој од нас јунаците ги замислува различно. Убаво е да се гледаат некои филмови кои се снимени според класици затоа што некогаш ни помага подобро да ги опишеме ликовите. Во книгите, понекогаш, нема опис на јунаците, па не знаеме дали ликовите се слаби или дебели, ниски или високи, а понекогаш ниту каква боја се нивните очи или коса.

Филмот е лично доживување на режисерот. Книгата, сепак, е лично доживување на читателот. Најдобро е тие два медиуми да не се споредуваат, но таа одлука ви ја препуштаме вам.

Најпопуларни писатели по чии дела се снимаат филмови и серии се: Вилијам Шекспир, Чарлс Дикенс, Достоевски, Толстој, Агата Кристи и многу други. Постојат многу филмови кои настанале како резултат на комбинирање на различни романи, кратки приказни, мемоари и патописи. Сигурно не знаевте дека некои од филмовите кои ги издвоитвме настанале според книги.

Во потрага по среќа (The Pursuit fo Happyness)

Кога ќе ги гледате овој филм земете си и марамчиња. Генијалниот Вил Смит навистина добро ја игра тешката улога зад која се крие тешка, но инспиративна животна приказна. Во филмот Смит ја игра улогата на Крис Гарднер, кој едвај спојува крај со крај, настојувајќи се да обезбеди подобра иднина за својот син. Тој продава апарати за мерење на густина на коските, а во тоа време ретко кој знаел дека постои такво нешто. Овој емотивен филм настанал според автобиографијата на Кристофер Гарднер. Тој денес е мотивациски говорник.

Можеби забележавте дека оригиналниот наслов на книгата и филмот е „The Pursuit of Happyness“, а не happiness што не е случајно – пред градинката во која Крис секојдневно го носи својот син има мурал со токму таква печатна грешка.

Седум години во Тибет (Sieben Jahre in Tibet. Mein Leben am Hofe des Dalai Lama) 

Оваа приказна е за сите љубители на вистински и мотивациски животни приказни. “Седум години во Тибет: Мојот живот на дворот во Далај Лама“ е патопис на познатиот алпинист и географ Хенрик Харер и претставува вечно сведоштво за случувањата во Тибет за време и после Втората Светска Војна. Токму според оваа книга е снимен филмот “Седум години во Тибет“, во кој главната улога ја игра Бред Пит. За Харер може да се снимат повеќе филмови затоа што учествувал на многу експедиции, од Алјаска до Африка. Се искачил на многу планински врвови и напишал повеќе од 20 книги. Има снимено повеќе од 40 документарци, а исто така е и национален првак во голф во Австија и тоа два пати. Во Тибет се вратил во 1980тите и ја напишал “Враќање во Тибет“.

Mоите 200 години (The Bicentennial Man) 

Робин Вилијамс ја игра главната улога во овој филм, кој е инспириран од кратката приказна од Исак Асимов, „The Bicentennial Man“, која послужила како инспирација за романто „The Positronic Man“, напишан во 1993 година. Во овој филм, Робин Вилијамс ја игра улогата на робот, чија задача е да чисти низ куќа. Во еден момент семејството почнува да се прашува дали роботот е добро програмиран или се претвара во вистинска личност? Роботот е со грешка и станува дрштвено, емпатично и креативно суштество.

Ако се двоумите дали овој викенд да го помините читајќи некоја книга или гледајќи филм, изберете си некој филм кој е снимен според книга. Прочитајте ја и книгата, а потоа споредете ги вашите впечатоци од книгата со впечатоците кои ги добил режисерот на филмот. Никако не ги споредувајте тие две нешта, едноставно уживајте.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје