Вашиот глас Литература Проза

Драг пријателе што чекаш? – Марина Марковска

Драг пријателе што чекаш?…Кого? А, што е чекањето знаеш ли?

Чекањето е најбесмислената работа, залудно потрошено време од нашиот драгоцен живот. Никој и ништо во нашиот живот не е повредно и помоќно од самите нас. Ние сме тие кои можеме да го креираме нашиот живот. Сè доаѓа и зависи од нас. Животот е еден и единствен  и заслужува да се живее моментот. Да бидеме тука и сега, да живееме во моментот…

Драг пријателе вчера веќе помина, утре никој не знаеме што ни носи, но затоа го имаме денес. Ја имаме таа можност да живееме, да си ги поставиме нашите цели и да ги оствариме. Без чекање, без никакво чекање.
Се имаш себеси и можеш сè да направиш во животот.
Само немој да чекаш…Годо нема да дојде…

Марина Марковска

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје