Литература

Симболизам – уметнички правец доловен во “Гавранот“ од Едгар Алан По

Симболизмот е уметнички правец кој настанал во Франција како отфрлање на реализмот и натурализмот. Според некои поети, симболизмот не е духовно движње, туку само нов начин на изразување, но не и ново чувство. Симболизмот претствува ново струење на модернизмот, има свои почетоци уште во времето на романтизмот, трае до 1900тите, кога се смета дека изумрел.

Симболизмот во “Гавранот“ од Едгар Алан По

Кога и да доаѓа, несреќата доаѓа во различен облик. Понекогаш можеме да ја препознаеме, но некогаш самите ја пуштаме внатре, во нашите животи.
Лирскиот херој, Едгар Анан По, го покажува токму тоа, низ ремек делото “Гавранот“ кое е напишано додека поетот жали по својата сакана Лeнора. Тоа може да го видиме низ ситиховите кои се напишани на почетокот на песната:

“ Жедно утро пекав, од книгите штуро чекав,
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ.
Таа вечер неизгор.“

Сметајќи дека некој непоканет гостин тропа на неговите порти во ниедна доба и помалку иритиран од таинственото движење на гостинот што не сака веднаш да го открие, ги разотвара вратите и во прв момент ја потвтдува својата мисла за таинственоста на тоа тропање. Во тој момент низ прозорецот влегува гавран кој ја потврдува скршеноста на поетот. Симболот на гавранот просведочува за невозможноста еднаш изгубената сакана, изгубената љубов, мртвата сакана да се врати назад. Тој, делумно убиен од болката за својата сакана, започнува разговор со птицата која постојано повторува “Nevermore”. Всушност тој води растрган дијалот со сопствената душа. Гавранот го симболизира второто поетово јас кое се самоуништува.

Значење и влијание на симболизмот

Независно од тоа што некои поети сметаат дека во симболизмот има многу грешки, дека неговата психологија е ненормална, неговите идеи и асоцијации се бизарни, а непосредното доживување е сосема погрешно, мора да се согласиме дека симболизмот дава ненадминати дела, токму како “Гавранот“ од Едгар Алан По и “Албатрос“ од Шарл Бодлер. Симболизмот на некој начин помага природата во сите свои облици да се сфати само како сон, а под тоа се крие вистинската суштина на нештата.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје