Вашиот глас Литература Проза

Животот има вредност – Силвана Крстевска

Живот. Најскапоцен дар за секој човек. Животот за секого треба да има непроценлива вредност. Сакајќи се себеси и сите околу нас, го сакаме и сопствениот живот. Живеј го животот со радост и позитивни мисли,само така ќе се чувствуваш исполнет и среќен.

Секој момент од животот има голема вредност за мене. Секој нов ден во мојот за мене претставува нова надеж,светла точка која ме исполнува со среќа и радост.
Вреди да се живее и животот да се ткае со позитивни зборови, мисли,дела.
За мене животот значи многу, посебно тоа што секој нов ден ми е исполнет со насмевки подарени од моите две ангелчиња, моите две деца.

Секој нов ден за мене значи радост, бидејќи работата како воспитувач исто така ме исполнува, бидејќи сум пресреќна со моите Пеперутки, мојата група на работното место. А тоа го прави мојот живот посреќен и со непроценлива вредност.

Мојот живот со позитивни чувства ми го исполнуваат и моите колешки, пријатели и роднини. Затоа го сакам животот, сакам да го живеам со секој здив и тоа за мене има голема вредност и е скапоцен дар од Бога.

Силвана Крстевска

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје