Дојдов
таа тивка приквечерина
пред обелиск на копнежот
Видов
таа стои, чиниш бастион
пред мене самиот
Победив
таа доцна доба
пред зборот на дејката
Но си велам, зошто?
Дојдов
кога битката изубена бидна
Но си велам, што?
Видов
кога дејката замина
Но си велам, како?
Победив
кога сам дома кинисав
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.