Болка на неискажано.
Нема потреба за докажано
А како едно, слеани души за време бедно.
Јас и другата во мене, само до каде?
Алтер его со име САМОДЕСТРУКТИВНОСТ.
Заштити ме од самата себе, подобро.
Излез – непознат,
Ако не е отворено, нема да ме препознајш.
Сивилото на човек претворено во тага до недоглед,
за објаснување и мал совет.
А поглед ко поглед, конечен.
Хаотичен распоред, уништен ред, бледа силуета,
Полетувајќи напред.
Проследена, одредена, извајана состојба.
Црнило на одблесок, а што потоа?
Пат погоден, тежок, непрооден.
Тап трн со остар цвет.
На перница сон – нечиста совест.
Валерија Дамчевска