Skip to content

Прости ми ја љубовта – Ирена Блажеска

  • by

Ќе ми простиш ли

Милион зборови

напразно кажани

Ќе ми простиш ли

Болни чекори

без надеж чекорени

 

Ќе ми простиш ли

Ако заминам

И повторно посакам да се вратам

Ќе ми простиш ли

Ако продолжам да те сакам

И тогаш кога знам

дека друга те има

И тогаш кога знам

дека не смеам да се надевам

 

Ќе ми простиш ли

Ако те украдам

И те одведам до вечноста

Под младоста

Со љубовта

 

Ќе ми простиш ли

Ако останам засекогаш

Иако знам дека ти живееш

Како да не постојам.

Ирена Блажеска

Напишете коментар