Занимливости и информации Рецитации

Малку ноќ и многу немоќ – Гане Тодоровски (видео рецитација)

Ми гори мислата од сите четири страни!
Чудно ми чудо ако сум троа луд?
Зборовите гламјосале, ко мртви врани
што изнаклукале од лошо срце студ.

Да беа подобри вината, може ќе бевме без вина
ние, недотрчаните низ таа вид-виделија
што молкома ја именуваме со јавен инат,
како до очај пеплосана пустелија,

растегната од утрина до примрак плах,
преплашена од недостиг на боја темна,
пустелија со миризма на горчлив крах,
пустелија задушлива и лемна,

преполнета со кукли и херои на пристојности,
навиени за кој-годе што-годе да мелат,
кукли со пиетет кон сите навивани стојности,
црното што го црнат, белото што го белат;

кукли со ореол и жезло, суди до колена
зацапани до пороци, до папокот во тога…
Вистино, волшебнице разголена,
молена, та домолена, стори се виорен оган,

науми нешто умно, престори ги во прав!
Развеј ги, поштук да немаат низ широчињата…
Во уплав како устрел до себе дотрчав!
Буден сум! Ни трошка луд! Чија е сега вистината?

Слушнете ја видео рецитацијата во продолжение. 

Слушнете ја и оваа видео рецитација на „Љубов во септември“ од Бранко Миљковиќ.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје