Дали може да го фатиме ветрот? Тоа ќе го дознате во оваа прекрасна детска песничка од македонскиот поет Стојан Тарапуза.
Не можам да го фатам,
не можам да го скратам,
не можам да го сведнам,
не можам да го седнам,
не можам да го држам,
не можам да го врзам,
не можам да го терам,
не можам да го мерам…
Не можам ни да го боцнам,
не можам ни да го клоцнам,
не можам ни да го шутнам,
не можам ни да го кутнам!
Не можам, не можам не
и природата е виновна за сѐ!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.