Сакав да те покријам,
со прекривката на моето знаење,
да те прегрнам со силата на моето каење,
да ти ги стоплам сите грижи и неволји и од нив да направам дијамант блескав и цврст,
прстен што ќе го носиш на левата рака, на домалиот прст.
Мене ми припаѓаш,
мене ме сонуваш,
кога за душа близнак зборови везеш – знам – мене ме зборуваш.
Диши најмило,
смири се ѕвездо,
сѐ што зло прекрило,
ќе прсне светло и за нас ќе створи гнездо – вечно – среќно, наш дом,
и ќе трае и трае и трае во јаве исполнет тој наш ѕвезден сон.
А засега застани и дозволи му на тагата да те обземе,
на онаа баба што нашата земја е да те проколне,
остави, ништо не ти можат,
сѐ додека јас те љубам знај,
не е битно што тапи умови те мразат.
Чекам,
чекам за да те покријам,
чекам за во кугла од љубов да те сокријам,
затоа додека читаш насмеј се и сети се:
Во сѐ што е убаво сум,
те чекам,
пронајди ме во Сонцето и Месечината,
под мразот и снегот,
каде што снегулките делат сѐ
каде што кокичињата се кријат,
под прекривка спијам,
чекам да расцутам – дојди и разбуди ме.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.