Вашиот глас Литература Македонска поезија Поезија

Крлач – Виктор Кадинец

Мислев ќе ми истечеш низ рацеве,

како топла вода на минус 30 степени.

Ќе се натопенаат и после ќе замрзнат,

од пуста желба за топло.

Ама ете, гледаш, топли ми се.

Треба да разбериш една работа.

Да посакав блудност, лесно ми е.

Ќе ги стоплев на најблискиот оган.

Да посакав игра, лесно ми е.

Ќе ги стоплев во џагорот на фер плејот.

Да посакав скокот, лесно ми е.

Ќе ги стоплев во допир случаен.

Ама тоа топлина е?

И овие раце,

топли да ги дарам,

таму негде, сегде.

Во кош на валкани мисли.

Во преплет на неискрени думи.

ниту раце ќе беа, ни топлина врела.

 

Мислев ќе ми истечеш низ рацеве.

Мислеше и ти.

Игравме монопол, како палатковци.

Ти илјада, јас две.

Ти две полиња напред, јас едно назад.

Па се префрливме на, не лути се човече.

Во двете игри,

двете коцки,

на крлач беа.

Сега можеби ќе разбериш.

Јас лош играч сум, во секоја игра.

Јас не знам да си поигрувам,

да тактизирам, да прогнозирам.

 

Мислеше дека ќе ти истечам низ рацете.

А јас ти ги стоплив.

Со моите.

А не те ни допрев.

Мислеше дека ќе ти истечам низ рацете.

а ти протеков низ мислите.

Оние кои те топлат.

Ајде, насмеј се.

Топлина сум јас.

Виктор Кадинец

Similar Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје