Детско катче Занимливости и информации На денешен ден

20-ти Ноември – Меѓународен ден на детето

Меѓународниот ден на децата е прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации на 20 Ноември 1954 година. Идејата била да се промовира меѓународна сплотеност и свест меѓу децата во светот и подобрување на доброто на децата.

Од тогаш 20-ти Ноември станува симболичен и важен датум за сите деца во светот. Го означува денот кога Генералното собрание на ОН ги усвои Декларацијата за правата на детето во 1959 година и Конвенцијата за правата на детето во 1989 година.

Зошто е значаен овој ден?

Децата од секоја земја, култура, социјален и општествен слој се соочуваат со многубројни форми на злоупотреба, запоставеност, експлоатација и насилство. Тука спаѓаат физичкото насилство и сексуалната злоупотреба, кои до ден денес се законски и социјално оправдани во некои земји во светот. Чиновите на психичко и физичко насилство кои штетно влијаат врз развојот на личноста на детето се случуваат во домот, во училиште, по инститциите, како и во случаи на вооружени конфликти и природни катастрофи.

20-ти Ноември е денот со кој се обележува издигнувањето на свеста за борба против насилството врз децата. Таа борба продолжува секој ден. Голем број организации и асоцијации организираат кампањи на вакви теми во текот на целата година. Токму ваквите кампањи позитивно влијаат и нѐ поттикнуваат да се приклучиме во борбата против сите форми на насилство и злоупотреба на децата.

Како да го прославите денот на детето?

Може да го одбележите овој ден со вашите деца и внуци. Сетете се што најмногу сакавте да правите вие кога бевте деца. Дали сакавте да ѕидате кули од песок? Или повеќе сакавте да одите во слаткарница со своите родители? Секако, секогаш на вашето дете може да му пуштите епизода од “Големи и мали“, “Умни глави“ или “Бушава азбука“. Не ги заборавајте и ненадминатите детски хитови од вашето време. Читање на волшебна сказна за добра ноќ исто така може да придонесе вашето дете да се чувствува посреќно и поисполнето.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје