И емпатија и сочувство – Валерија Дамчевска

Јас плачам жал на овој народ,
Шо во самотија поминва старост.
Јас чувствувам болка на оваа нација,
Шо живее со страв од секојдневна рација.
Јас тагувам во име на сите нас,
Шо во туѓина си бараме спас.
Јас вкусвам горчина на младост,
Со иднина – небиднина.
Јас плачам солзи на мајките шо си испраќат чеда,
Само за да не видат сиромаштија и беда.
Јас чувствувам нервоза на невработени,
а образувани, политички неопределени.
Јас чувствувам анксиозност на студенти,
Кои учат во вагони студени
.Јас плачам тага за неправедно осудени,
Јас сочувствувам со сите полудени.
Јас сонвам монотонија,
Јас живеам во иронија.
Јас умирам тивко и полека,
Оти мислам дека вака ќе е довека.

Валерија Дамчевска

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!