Детско катче Литература Песни за деца

Ние сме деца – Стојан Тарапуза

На денешниот убав светки ден посветен на децата, да ги запознаеме поубаво децата во прекрасните стихови на Стојан Тарапуза.

Ние сме деца

Ние сме деца шалави,

ко коњчиња сме палави,

ко тигри сме нескротливи,

ко рипки сме кокотливи,

ко пилци сме неопитни,

-неизмерно скоктливи.

 

Ние сме деца зборливи,

ко реки сме гргорливи,

ко утра сме насмеани,

ко птици сме распеани,

ко сонца сме залудени

-пред сешто сме зачудени.

 

Ние сме деца другари

ко зрачиња над угари,

ко елени низ планини,

ко јагниња сред рамнини,

ко ѕвездички по падини,

-рој цвеќиња во градини.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје