Од атер туѓ
својот атер го кршиш
свесно пливаш во
води калливи.
Како изиграно битие
во ноќи се губиш.
Тешко чувство плива
низ душата
во ноќи те буди.
Кога станиш ништо
се случува сешто
А ништото ништо те прави
Заминуваш било каде
Оројни мисли те гонат
Како нула помножена со нула
Изморено се прашуваш
Зошто?
Зошто се трудев!
Наплив на животот
Од атер туѓ
својот атер го кршиш.
Менче Кадинец