Бели рози – Анастасија Лефкоска

Бели рози,

бели рози во ноќта густа,

бели рози красат планина пуста.

На планина пуста,

во шумата густа,

низ ветеров ѕвон,

стои исправен,

со решетки дом.

Низ решетки клети,

низ решетки голи,

солза на клетник свети,

болката го боли,

липајќи месецот го моли:

“Ах ти на Земјата што си брат,

те молам убиј ме,

сруши го овој кат! “

Продолжува, запира па вели:

“Не заслужувам да ги гледам розите бели”.

Нека ги покријат моите коски,

трњата црни,

трњата остри.

Да ја заборавам причината,

да не чувствувам вина,

да не дишам како предавник,

на својата татковина.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!