Skip to content

Недела – Софија Величковска

  • by

Ја сакам неделата.

Да. Тогаш само убави работи се случуваат.

Тоа е денот на гушкање.

Ден кога лежиме.

Пееме песни и пиеме вино.

Седиме покрај каминот,

се восхитуваме на огнот,

слушаме како дрвјата догоруваат,

да тоа е убав ден,

ден исполнет со емоции,

Недела е денот кога се чувствувате добро,

бидејќи чувството дека е убаво

станува посилно од секое лошо чувство

Недела е сакана.

Недела е љубов.

Недела е денот кога правите колачиња со мама.

Недела е нашиот ден.

Мирен.

Недела е темната соба,

седење до прозорец со чајче,

недела е денот кога гледаме низ прозорецот,

го гледаме снегот како се рони врз нашите покриви.

Недела со друго име е топлина.

Недела е ручекот со најмилите.

Да, недела е бакнување со саканиот.

Недела е разговор со баба.

Во недела никој не се лути и расправа,

во недела сме природни и искрени,

недела е нашиот ден..

Ден кога можеме да плачеме,

без никој да ни плеска предрасуди.

Ја сакам неделата.

Возот кој нѐ носи во родниот крај,

во недела е,

и сѐ убаво е во недела,

недела е најубавата книга која се чита

во моментот кога тагата нѐ обзема,

недела е денот кога се зближуваат душа со душа,

во недела имаме некаква надеж,

недела позитивно нѐ подготвува за понеделник,

да и во недела едвај ја чекаме наредната недела,

а јас сум оној губитник кој ја сака неделата,

ја сум победник кој ја сака неделата,

да ја сум тој ретрограден меркур,

кој се врти околу неделата.

Jас сум она мало човече

кое има љубов за секоја недела,

за секоја наредна недела.

Софија Величковска

Напишете коментар