Литература Македонска поезија Поезија

Читање

Кога читам многу брзо, не разбирам ништо.

Брзината не носи разум.

Кога читам многу бавно, не следам доволно.

Бавноста е мајка на недоследноста.

Кога читам во чекор со времето

Ја разбирам суштината на светот.

 

Со брзината го губам сјајот во очите.

Таа е побрза од мојот отсјај.

Со бавноста ги заборавам спомените.

Таа останува да чмае во заборавот.

Кога читам во чекор со времето

Го следам секој нов момент.

 

Не заборавам ништо.

Сите дијалози се отворени.

Го паметам секој искажан збор.

Сé што било речено

Напишано, одречено

Тлее во мене

Како нишка која ткае живот

Кој треба да го паметат

Оние кои ќе го прочитаат.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје