Дали знаете зошто се користи зелена позадина кога се снимаат специјални ефекти? Како се постигнува звукот на кршење коски во филмовите и сериите? Дали знаете кој е најголемиот грев кој статистите можат да го направат за време на снимање на сцените? Во продолжение ќе ви ги откриеме одговорите на овие прашања, но и други занимиливости поврзани со снимањето филмови.
Негативците во филмовите не користат Ејпл уреди
Рајан Џонсон, режисер на филмот „Нож во грб“ неодамна обелоденил како е најлесно да се открие кој е негативец во филмот ако тоа не се знае до неговиот сам крај. Имено, ако некој филмски лик не кориси уреди на компанијата Ејпл, а сите други ликови користат тогаш сомнежот е на тој што не користи. Причина за ова е што Ејпл изричито забранува филмските негативци да ги употребуваат нивните производи.
Зеленчкот игра голема улога во создавањето звучни ефекти
Кога ќе чуете језиви звуци на кршење коски во филмовите, знајте дека тие настануваат на најчуден начим. Специјалистите за звук не им кршат коски на животни како што би помислиле многу луѓе туку стракови од целер и морков.
Децата кои глумат во хорор филмовите во поголемиот број случаи не се свесни за тој факт
За да не ги истрауматизираат, режисерите на хорор филмовите пронаоѓаат нарализчни начини да добијат соодветен перформанс од младите глумци во своите остварувања. Сцените се снимаат преку ред, најстрашните моменти се снимаат одвоени од детските реакции на нив. А често сѐ се претвора во една голема игра. Дени Лојд кој го толкувал момчето во филмот Сјаење, на пример бил убеден дека глуми во типичен семеен филм, а не во еден од најстрашните хорори некогаш снимени.
Статистите по никоја цена не смеат да гледаат директно во камера
Најголемиот грев кој статистите можат да го направат во текот на снимањето на некои сцени е гледање во камера. Ако го прекршат ова правило тие многу лесно можат да добијат отказ. Од нив се очекува да не носат бела облека или некоја друга гардероба со големи натписи, а посебно е важно тие нималку да не личат на главните јунаци во филмот.
Зелената позадина има голема улога кај снимањето сцени со специјални ефекти
Можело да биде избрана било која боја за позадина во текот на снимањето сцени со специјални ефекти, но изборот паднал на светло зелена од неколку причини. Мал број предмети се во оваа боја, вклучувајќи ги и облеката и реквизитите кои се користат за потребите на филмовите. Исто така значајно е тоа што малку од актерите имаат зелена боја на очи. Сѐ ова го олеснува дигиталното отстранување на светло зелените позадини и нивните замени со специјални ефекти во постпродукцијата.
Прочитајте ги и следниве факти за неколку познати писатели.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.