Занимливости и информации Интервју со... Сликарство Современа уметност Уметност

Запознајте ја Јелица Мерџаноска, млада, надежна и екстремно талентирана уметница

Јелица Мерџаноска е млада, надежна и екстремно талентирана уметница. Велам уметница затоа што ниту еден друг збор не може да го искаже она што таа го содржи во себе. Ученик е во средното медицинско училиште во Гостивар. Неверојатниот талент што таа го искажува на своите осумнаесет години пркоси на талентите на многу постари и поискусни уметници. Нас, на тимот на Крајбрежје ни беше огромна чест што разговаравме барем накратко со неа зошто уште од сега ни е јасно со кого правиме муабет.

Уживајте во уметноста како и во интервјуто.

Која е всушност Јелица?

– Јелица е тинејџер. Ведра, позитивна, креативна, дружељубива. Зависник од музика, книга, филм. Посветена на уметноста и учењето, вљубена во разноликоста на боите на животот, секогаш со четката во раце спремна за сликање на моментот.

Од кога започна да сликаш?

– Со сликање започнав од најрана возраст.

Што значи за тебе креативно изразување?

– Креативно изразување за мене е создавање на нови идеи преку моите слики. Mој creatus е создавање нешто сосем ново преку моите слики, давање на карактеристики кои што претходно биле нормални.

Каде се гледаш себеси во иднина?

– Себеси се гледам како уметник во медицината.

View this post on Instagram

 

A post shared by JMerdzan Art (@jmerdzan.art)

Кои се твоите досегашни достигнувања во полето на сликањето?

– Тоа се моите слики (дела) преку кои го барам својот начин на изразување?

Со што би го споредила цртањето (боите и четките)?

– Цртањето би го споила со природата, животот и сегашноста во времето.

Твоја најголема инспирација?

– Мојата инспирација ја црпам од моето семејство.

Која епоха нуди најголема инспирација за создавање?

– Денешниот романтизам или поточно времето во кое што живееме. Романтично, нестварно и реално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JMerdzan Art (@jmerdzan.art)

Дали имаш муза?

– Да, но тоа засега ќе остане тајна.

Како се снаоѓаш при креативен блок?

– При креативен блок, недовршеното дело го тргнувам на страна до моментот кој што може да трае со недели или месеци кога повторно добивам инспирација за сликање.

Имаш ли омилена техника за цртање?

– Омилена техника за цртање ми се четката и боите.

Омилен уметник?

– Омилен уметник ми е Михаил Корубин.

View this post on Instagram

A post shared by JMerdzan Art (@jmerdzan.art)

Кога би можела да се сретнеш со еден сликар уметник од минатото и да разговараш со него кој би бил тоа?

– Би сакала да можам да гледам како Леонардо да Винчи го прави портретот на Мона Лиза, како Винсент ван Гог ја слика Тhe Starry Night и како Johannes Vermeer ја слика Girl with a Pearl Earring.

Дали кај нас младите уметници имаат поддршка од публиката?

– Имаат голема поддршка од публиката.

Во чии дела најмногу пронаоѓаш сличности со твоите?

– Со делата на Михаил Корубин и на Vassilis Antonakos.

Кој е твојот лајтмотив?

– Living my best life.

View this post on Instagram

 

A post shared by JMerdzan Art (@jmerdzan.art)

Порака до читателите на Крајбрежје?

– Секој е уметник на својот животот и немој да ја даваш четката на некој друг.

На Јелица ѝ благодариме за одвоеното време и ѝ посакуваме целосно пронаоѓање на својот стил, идна професија како и бројни успеси на сите полиња!

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје