Skip to content

Препорака за книга: „10 минути и 38 секунди во овој чуден свет“ од Елиф Шафак

Ова е книга полна со емоции за јачината на пријателстовото во најмрачините времиња.

Што ако, после смртта на човекот, неговиот мозок продолжи да работи уште неколку минути? Точно уште 10 минути и 38 секунди…

Секоја минута, после нејзината смрт, на Лејла ѝ носи некој чуден спомен. Се сеќава на вкусот на зачинетото месо во гулашот од козата, која нејзиниот татко ја принел како жртва во чест на раѓањето на долгоочекуваниот син. Се сеќава на шерпата во која врие шербет со којшто жените си ги депилираат нозете, откако мажите ќе заминат в џамија. Се сеќава на мирисот на кафето со кардамон кој го пиела во борделот во кој работела. Со секој спомен се присетува и на пријателите кои ги стекнала во тешките животни мигови. Сега тие луѓе сигурно очајно се обидуваат да ја најдат.

Смртта на Лејла ги оживува тајните и чудата на модерниот Истанбул, раскажувајќи ја приказната за тоа како Лејла ги запознала и ги засакала своите пријатели. Како што на патувањето на Лејла на овој свет му се ближи крајот, така нејзиното избрано семејство ќе ја заокружи нејзината приказна со несекојдневен крај.

Ова е едно чудесно дело кое ја опишува убавината на животот и неговиот крај. Раскошен и сензуален роман, кој им дава глас на невидливите, злоупотребените и оштетените, ткаејќи ги нивните животни приказни во чиста убавина. Ако сакате да се запознаете со тајните на модерниот Истанбул, „10 минути и 28 секунди во овој чуден свет“ од Елиф Шафак сигурно е книга за вас.

Погледнете ги и овие препораки за класици кои секој треба да ги прочита!

Напишете коментар