Погледнете го телевизискиот прилог со Петре М. Андреевски од 1968-та година

Во овој прилог на Телевизија Скопје имаме можнот да го видиме и слушниме Петре М. Аднреевски, да ги чуеме неговите ставови после добивањето на наградата „Браќа Миладиновци“ за книгата Дениција на Струшките вечери на поезијата. Истата година книгата ја добива и наградата „11 Октомври“. Тој зборува за (не)популарноста на поетите во негово време, што претставува Дениција, дали постои дефиниција за љубовта.

Мал дел од почетокот на разговорот

Водителката: „Или мислите дека кај нас поетите ја немаат таа популарност за да бидат препознаени?“

Петре: „Да и не само затоа што поетите не се филмски артисти или телевизиски спикери, не само затоа што имињата на поетите не влегуваат ни хоризонтално ни вертикално во крстословките од дневните весници. Не само затоа што фотографиите на поетите се нерентабилни за илустрираните списанија со неделен хороскоп, можеби затоа што поетите треба да бидат препознавани во поезијата. А поезијата денеска е на работ од интересирањата на современиот човек“.

Водителката: „Се зборува дека вашата Дениција мошне добро се продава во книжарниците дури и пред наградата. Каде лежи тајната на нејзиниот успех кај публиката?“

Петре: „Јас не знам како се продава книгата и не знам каков е интересот и приемот кај публиката на таа книга меѓутоа ако е тоа така мислам дека тајната лежи можеби во самата Денициј. Зошто Дениција беше учителка по дишење во сите челичарници, на сите жетви и косидби, на сите спортски натпревари. Таа можеше кај што сака да ја задржи ровјата и да го пренесе дождот кај што ќе помисли. И да го спушта копното и да го поткрева небото и да каже каков снег ќе паѓа во иднината. Поради неа сѐ уште имаше луѓе без свои луѓе и луѓе без своја татковина. Поради неа секој ѕвек на новиот босилек им се јавуваше како пријател на тажните и уплаканите. Поради неа се уште не можеше да се дознае дали е постаро јајцето или пилето, гладот или жедтта…“

На прашањето дали постои навистина жена со име Дениција Петре вели: „За жал не, Дениција не постои ни како одделна личност ни како личност што го носи нејзиното име. Дениција постои во секоја жена, на секое место и во секое време. Дениција беше време на моето време, а јас само сведок на нејзиното столетие.

Потоа Иван Антонов ги рецитира неговите песни: „Песна за мојата песна“, „Болеста на Дениција“ и „Четврто писмо“.

Погледнете го видеото во продолжение!

 

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!